МНР на Русија: Неопходно е да се спречи надворешно мешање во работите на Македонија

од desk2
102 прегледи

Руското министерство за надворешни работи вели дека е неопходно е да се спречи надворешното мешање во внатрешните работи на Македонија, да се почитуваат македонските граѓани, и нивното право самостојно да решаваат за својата судбина во согласност со основните демократски принципи.

Руското МНР пишува дека кризата во Македонија предизвика дополнително надворешно мешање во внатрешните работи на земјата.

„На Македонците, со помош на европските лидери и на НАТО, им се наметнува „Албанска платформа“ направена во кабиентот на премиерот во Тирана под назив „голема Албанија“, која има територијални претензии кон соседна Црна Гора, Србија, Македонија и Грција. Дополнително е вознемирувачки што во оваа измама беа вклучени и властите на еднострано прогласеното независно Косово. Веруваме дека ваквата линија е крајно опасна, полна со уништување на македонската државност и дестабилизација на Балканот во целина“, пишува руското МНР.

„Изборите во Македонија, кои беа на инсистирање на ЕУ и САД, завршија со победа на владејачката партија на чело со Никола Груевски. Сега Западот, со помош на албанското малцинство, се обидува на власт во Скопје да ја донесе поразената опозиција, потпишувајќи ги ултимативните барања на Албанците, што доведува до ерозија на уставните основи на државата. Продолжувајќи со деструктивните обиди да се наметне нешто што е спротивно од волјата на македонските гласачи, може да дојде до влошување на ситуацијата“, пишува руското Министерство за надворешни работи.