МНР: Нема загинати или повредени македонски државјани по земјотресот во Хрватска

од Nikola Popovski
176 прегледи

„Засега нема информации за повредени македонски државјани по земјотресот во Хрватска“, објавија од македонското Министерство за надворешни работи.

Од таму дополнуваат дека министерствата при двете земји се во постојана комуникација по денешниот силен  земјотрес.

И натаму во прекин се телефонските врски, а делови пд земјата се и без електрична енергија.

Во текот на денот, земјотрес не беше регистриран во Македонија.