384
Тајлански кувар кој последен пат е виден додека гледал натпревар на својот телефон е пронајден мртов во својата соба.
Се верува дека причина за смртта е струен удар, а како доказ за тоа се изгорениците на вратот и рацете.
Сомчаи Сигорн (40) лежел во својата соба и гледал пренос на телефон кој бил вклучен во струја.
Неговиот цимер кога не можел да го разбуди, му се јавил на нивниот шеф и му кажал дека неговиот пријател е болен. Дури подоцна откриле дека Сомчаи е всушност мртов.
Тој постојано слушал музика или гледал фудбал на својот телефон пред да оди во кревет.