Џани Версаче, основачот на модната куќа Версаче беше убиен на скалите од својата куќа во Мајами во 1997 година. Оваа година се одбележуваат дваесет години од смртта на дизајнерот и по тој повод Донатела ја посвети ревијата во Милано на својот брат.

“Џани беше единствен. Беше среќен и секој ден го живееше со насмевка. Живееше неверојатен живот. Тој создаде неверојатни креации кои и до ден денес остануваат класика” – изјави Донатела Версаче
Освен винтиџ графиките и принтовите кои се обележје на модната куќа, Донатела ги собра и омилените супермодели на Џани на едно место.
На ревијата продефилираа Карла Бруни, Клаудија Шифер, Наоми Кембел, Синди Крафорд и Хелена Кристенсен.