325
Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина против коронавирусот во првиот квартал на 2021 година.
Компанијата во четвртокот рече дека 85 до 100 милиони од овие дози ќе бидат достапни во САД, а од 15 до 25 милиони во странство, пренесува Ројтерс.
Модерна планира да произведе меѓу 500 и милијарда дози вакцини ширум светот во 2021 година.