„Модерна“: Очекуваме помали приходи од вакцините против ковид

од Stefanija Kuzmanovska
235 прегледи

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ прелиминарно ги процени приходите од продажбата на вакцини против ковид 19 во 2023 година на 6,7 милијарди долари и најави остар пад и во новата година.

Во 2022 година, компанијата заработи 19,3 милијарди долари, а главен извор на приходи ѝ беше вакцината против ковид, која ѝ донесе 18,4 милијарди долари.

Во меѓувреме, побарувачката нагло опадна и „Модерна“ лани забележа тримесечни загуби. Во нивните резултати од вториот квартал, тие изјавија дека ажурирањата на вакцините и намалената побарувачка ги принудиле да ги отпишат залихите, што ги чинело 464 милиони долари.

Во ноември тие процениле дека приходите од продажбата на вакцини во 2023 година ќе се движат од шест до осум милијарди долари.

Најновата проценка од 6,7 милијарди американски долари вклучува одложен приход од 700 милиони долари од продажба во рамките на глобалната алијанса за снабдување со вакцини GAVI.

Во прелиминарната проценка објавена во вторникот, „Модерна“ забележува дека го зголемила својот удел на американскиот пазар за вакцини против ковид-19 во есенската сезона во 2023 година на 48 отсто, од 37 отсто во истиот период во 2022 година.

Годинава, тие очекуваат приход од 4 милијарди долари од продажбата на вакцините против ковид и респираторниот синцицијален вирус (RSV), истакнувајќи дека треба повторно да им оди добро во 2026 година.

Слични содржини