Модерна: Заштитата од ковид со тек на време се намалува, потребна е трета „бустер“ доза

од Берта Китинска
330 прегледи

Новите податоци од тестирањата на „Модерна“ за нивната вакцина покажуваат дека заштитата од ковид-19 се намалува со текот на времето, а тие тврди дека ова е аргумент во корист на примањето на трета „бустер“ доза, објави компанијата во четвртокот.

„Ова е само една проценка, но веруваме дека со доаѓањето на есента и зимата можеме да очекуваме дека проценетиот резултат на ослабениот имунитет ќе изнесува 600.000 дополнителни случаи на ковид-19“, рече лидерот на Модерна, Стивен Хог на конференциски повик со инвеститори.
Хоге не даде проценка колку ќе бидат сериозни случаите, но рече дека ќе бидат хоспитализирани уште повеќе лица. Податоците се сосема различни од неколку претходни студии кои покажаа дека заштитата од вакцината на Модерна трае подолго од онаа на Фајзер.

Што вели новата студија?
Новата анализа покажува дека постои повисока стапка на инфекција кај лицата вакцинирани пред околу 13 месеци отколку кај луѓето вакцинирани пред околу осум месеци. Студијата, која се уште не е целосно разгледана, беше спроведена во јули и август кога делта сојот беше доминантна варијанта.

На 1 септември, Модерна поднесе барање до Американската администрација за храна и лекови (ФДА) за овластување на т.н. „засилувачки“ дози. Хог рече дека податоците од студиите за „засилувачка“ доза покажале дека може да ги зголеми неутрализирачките антитела на ниво повисоко отколку по добивањето на втората доза.

„Верувам дека ова ќе го намали бројот на случаи на ковид-19. Ние исто така веруваме дека третата доза може значително да го продолжи имунитетот во текот на следната година додека се обидуваме да ставиме крај на пандемијата“, додаде тој.

Модерна ја спореди ефикасноста на вакцината кај повеќе од 14.000 волонтери вакцинирани од јули до октомври 2020 година и кај 11.000 волонтери кои ја примиле вакцината помеѓу декември 2020 и март 2021 година. Во двомесечниот период од јули до август, истражувачите идентификуваа 88 случаи на ковид-19 кај оние кои неодамна примиле две дози од вакцината, наспроти 162 случаи кај вакцинираните минатата година.

Севкупно, само 19 случаи се сметаа за тешки, што претставува клучна мерка за проценка на слабеењето на заштитата. Модерна рече дека имало помалку сериозни случаи со поновите вакцинации, иако бројките не се статистички релевантни.

Слични содржини