Могерини утре ќе биде во Македонија и ги започнува средбите со раководствата во Скопје.
Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини со денешните резговори во Подгорица ја почнува турнејата по земјите од Западен Балкан
На својата балканска турнеја покрај Црна Гора ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија и Македонија. Целта на турнејата е запознавање со ситуацијата во регионот пред најавениот самит на Европската унија посветен на Западен Балкан .
Министерката за надворешни работи на Европската Унија, Федерика Могерини утре доаѓа во Скопје, каде што веќе се закажани средби со политичкиот врв и граѓанските асоцијации.
Нејзиното мислење и заклучокот од посетата за напредокот на земјите кои ќе ги посети ќе биде претставен пред Советот на министри за надворешни работи на ЕУ на 6. март во Брисел.