Секој проблем е решлив преку дијалог и лидерство, изјави денес од Отешево Федерика Могерини, високата ЕУ претставничка за надворешна политика по потпишувањето на Договорот со Грција.
– Ова е добар ден за двете земји, како и за Европската Унија, Европа и Балканот. Ова е историски ден, се сеќавам на првите чекори на преговорите, и со поранешните министри. Многумина беа скептични. Благодарение на посветеноста, храброста и лидерството, се случуваше овој процес чекор по чекор, рече Могерини.
Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан заедно дадоа изјави од Отешево и одговори на неколку прашања.
Могерини изрази надеж дека за две недели, на 28 и 29 јуни во Брисел, Европскиот совет ќе донесе одлука за старт на преговори за членство со Македонија.
Хан се посети да долгиот пат минат во последните години, пат што доведе до денешното потпишуање. И тој исто така рече дека се надева дека Европскиот совет ќе даде позитивен одговор на сите овие преговарачки напори и склучениот договор.
Но работата не е завршена:
– Треба да се преземат наредните чекори а сето тоа води во ЕУ интергација, секој ќе види дека ова е добар договор, добар копромис, договор во кој секој мора да попушти за да биде добро за сите. Овде сме во фантастичен пејсаж и многу може да снаправи за да подобри и овој регион. Овој договоро ќе придонесе за подобар живот на граѓаните тука, рече Хан.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/10156640542922932/?notif_id=1529228528031572¬if_t=live_video