ЕУ ќе преземе акција како одговор на одлуката на Руската Федерација да раздава руски пасоши на украински граѓани на окупираните територии во Донбас.

Ова стана јасно од изјавата на еврокомесарот за надворешна политика Федерика Могерини на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕС.Темата   била разгледана од министрите, а следните чекори се очекуваат во рок од неколку недели.

 “Разговаравме ова прашање не само во рамките на Источното партнерство, но и со министрите во рамките на Советот на ЕУ. Уверена сум дека ќе има понатамошни чекори во следните недели.” , порача Могорини

“Одлуката на Кремљ да издава руски пасоши на жителите на окупираните територии на Донбас е грубо кршење на меѓународното законодавство , затоа ЕУ треба да воведе нови санкции против Руската федерација.” “рече литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкилах.

Го видовме т.н. процес на пасоши во Грузија, ова не е случај за прв пат. Ние се согласивме – ако нешто тргне наопаку, ако прекршувањата на меѓународното право, меѓународните обврски продолжат, ако Русија продолжи да ги крши аранжманите, треба да размислиме за дополнителни мерки. Според мое мислење, треба да се спроведат дополнителни санкции “, рече Линквиус.

На маргините на самитот на Источното партнерство украинскиот министер за надворешни работи Павле Климкин изјави дека проблемот ја засега  не само Украина и Грузија , кои станаа предмет на агресија од страна на Русија, но и земјите од ЕУ , на чии територии живеат  рускојазичните граѓани.