Мојсоски најави пуштање на два нови базени во Скопје

од Nikola Popovski
443 прегледи

Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска најави отворање на два нови базени во Скопје.

-Имам доста проекти, како градежни, така и секакви. Веќе ги привршуваме, можеби најголемиот проект за нас се 14 пливачките базени за овие атлети, за помладите категории. Веќе во Тетово го пуштивме, овие двата скопски се при крај и се надевам дека во септември ќе има пуштање, одговори Мојсоски на прес-конференција.

Тој појасни дека станува збор за базени со помали димензии, за во нив да пливаат ученици од прво до петто одделение.

Слични содржини