Приходите на Меѓународниот олимписки комитет за 2018 година изнесуваат 2,2 милијарди долари.
Ова стана јасно од финансискиот извештај на организацијата, кој беше презентиран на седницата
на МОК во Лозана.

Најголем приход се должи на продажбата на телевизиски права на Зимските олимписки игри во
Пјонгчанг (1,43 милијарди долари). На второ место се маркетинг правата (550 милиони долари).
Трошоците за МОК во 2018 година изнесуваат 2,07 милијарди долари, со главен фокус на поддршка
на националните олимписки комитети и меѓународните федерации.