Моќните тенкови Абрамс пристигнуваат во Украина: Америка официјално ја одобри испораката

од Nikola Popovski
473 прегледи

САД официјално ја одобрија испораката на првата серија тенкови Абрамс во Украина, кои треба да пристигнат во земјата до почетокот на есента, изјави портпаролот на американската војска Даг Буш.

Готово е. Сега тие (тенковите Абрамс) треба да стигнат до Европа, а потоа во Украина, заедно со сите работи што одат со нив, рече Буш, пренесе Си-Ен-Ен.

Според неговите зборови, заедно со тенковите во Украина ќе бидат доставени и муниција, резервни делови, опрема за гориво, како и средства за поправки.

Тој посочил дека не се работи само за тенковите, туку за комплетниот пакет што оди со нив. Испораката на тенкови Абрамс во Украина беше официјално одобрена изминатиот викенд, наведува Си-Ен-Ен.

САД почнаа да ги обучуваат Украинците на тенковите Абрамс во мај во Германија, а 31 тенк наменети за Украина веќе неколку месеци се подложени на ремонт и подготовка за испорака.

Слични содржини