Молдавија: На границата со Украина откриени остатоци од дрон „шахед“ по руски напад

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Молдавските власти открија делови од дрон „шахед“ на молдавско-украинската граница, непосредно по нападот со руски дронови врз регионот Одеса во Украина, соопшти молдавската гранична служба.

„Киев Индипендент“ објави дека руските сили извршиле три бранови напади врз регионот на Одеса ноќта меѓу 9 и 10 февруари, а цел биле Одеса и инфраструктурата на реката Дунав во областа Измаил, при што биле повредени четири лица.

Кишињев верува дека дронот пронајден на територијата на Молдавија бил соборен од украинската противвоздушна одбрана за време на напад ноќта меѓу 9 и 10 февруари. Молдавија додава дека остатоците од дронот се пронајдени во близина на селото Етули, кое се наоѓа на 15 километри југоисточно од украинското пристаниште на Дунав, Рена и на околу 40 километри северозападно од Измаил.

„Оценивме дека нема ризик за локалната заедница“, соопштија молдавските власти.

Пристапот до местото на несреќата е забранет, а делови од дронот се испратени на вештачење, соопшти граничната полиција.

„Откривањето на остатоците од дронот шахед на југот на Молдавија е сериозен потсетник на мрачната реалност со која се соочуваме. Руската агресија го загрозува целиот континент и поддршката за Украина мора да продолжи“, изјави молдавската претседателка Маја Санду.

Слични содржини