Молк во МВР за случајот „Триста“

од desk2
68 прегледи
Огласот за набавка на 300 возила на МВР за кој Специјалното јавно обвинителсво вчера ја отвори истражната постапка „Триста“ бил објавен во ноември 2008 година, стои на веб страницата на електронскиот систем за јавни набавки, информира Телевизија 24.
Според избори од истрагата, една од компаниите која добила на тендерот ја имала најниската понуда, но непознато е зошто преку неа не бил целосно реализиран тендерот.
Министерството барало патнички моторни возила според Спецификација и по количина и по технички карактеристики. 120 возила од Лот 1, 150 возила од Лот 2 и 30 возила од Лот 3. Критериум за доделување на договорот бил економски најповолната понуда. Но, според СЈО, и покрај тоа што на тендерот учествувале и  компании кои понудиле пониска цена, сепак МВР не го почитувал тој критериум и избрал понеповолен понудувач, истакна Фетаи, фаворизирајќи ги седумте компании кои си го „поделиле“ тендерот.
Од Министеството за внатрешни работи и денеска не успеавме да добиеме одговор зошто за јавната набавка на 300 возила за потребите на полицијата не бил избран најповолниот понудивач туку би склучен договор кој бил за 450 илјади евра повисок.
Проценета вредност на договорот за набавката на 300 возила била 5, 3 милиони евра, а од податоците на Бирото за јавни набавки се гледа дека вкупната вредност на склучените догвори изнесува околу 5 милиони евра.
За случајот осомничен е помошник министер во МВР од Секторот за општи и заеднички работи. Тој се товари дека преку злоупотреба на службената положба и со незаконското повластување и доделување на договори за јавни набавки за купопродажба, сервисирање и одржување на патнички моторни возила за економските оператори Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје прибавил противправна корист, иако понудите што ги дале овие економски оператори не биле утврдени како економски најповолни понуди./извор ТВ24