Молк за одговорноста за автопатите, што ли се се правело…!?

од Vladimir Zorba

Сите молчат за тоа кој е одговорен за грешките при изградбата на двата автопати. За тоа колку направените пропусти ќе ја зголемат цената, што всушност ќе значи директна штета за државата, се шпекулира со сума од 100 милиони евра, но министерот Сугарески засега не сака да зборува за бројки.

 Се прават анализи, Владата ветува дека брзо ќе соопшти како ќе го реши проблемот. Нема ни рокови кога би финиширала изградбата, пренесува Телма.

„Ги разгледуваме сите анализи, не би сакал да шпекулирам со бројки, разговаравме за тоа колку дополнителна штета би ја чинело државата изградбата на автопатот Кичево-Охрид, но не би шпекулирал со бројки, со цел да излеземе со точна инфортмација кои се работи треба да се направат за да бидат изградени тие автопаштишта. Не би се врзувал ни со рок, колку што е битно да излеземе со едно квалитетно решение, имајќи предвид дека конкретно за Миладиновци Штип се бара анекс договор и рокот за изградба е поминат, и имајќи предвид она што значи процент на изведба на работите Кичево Охрид, не би сакала да се врзувам со рокови. Околу поведувањето одговорност би сакал да го слушнам нивното мислење, и врз база на анализа која натаму ќе се прави за утврдување на одгопворност, ако кажам сега, би било паушално“, рече Сугарески.

„Ние не сме во состојба да побараме одговорност, можеме да сугерираме и да даваме предлози, а доколку најдеме дека постои некоја аномалија баш во нашиот сектор, сигурно дека ќе ја ставиме нас маса и ќе пробаме да ја решиме“, вели Серафимовски.

 На првата средба со министерот градежниците побараа од него јасно да каже до кога ќе биде сопрена изградбата на автопатите, велат, може да биде загрозена егзистенцијата на околу 1.500 работници, вработени во вкупно 5 градежни фирми кои работат на двата автопати. Се надеваат дека државата е свесна за овој проблем.

„Ќе биде отворен проблемот за моменталното стопирање на активностите на градеѓништвото, да видиме каков е планот на Владата, бидејќи ние како здружение сме застапници на интересите на нашите членки и треба да обезбедиме нивна заштита, а не само да кажеме дека се запира изградбата, туку некој треба да мисли како тие фирми ќе егзистираат, таму луѓето земаат плата“, рече Серафимовски.

Министерот не откри кои информации ги бара од него Специјалното јавно обвинителство, околу истрагите за автопатите.

„Јас само постапувам по барањата кои СЈО ги доставувува до нас. Понатаму околу постапките што ги води ова обвинителство, апсолутно немам никаква намера да учествувам, освен давање на одредени информации кои од нас ќе бидат побарани. Не би сакал да бидам ни обвинител, ни судија, ние сме политичари кои треба да работат во интерес на граѓаните“, рече Сугарески.

Во контекст на грешките, градежниците побараа да се измени Законот за јавни набавки, и цената да не биде клучен услов во тендерите, туку квалитетот. Министерот ќе треба да се позанимава и со проблемот што 9 отсто од фирмите во градежниот сектор, кои учествуваат во зделките, немаат ниту еден вработен, а само 5 проценти имаат над 20 вработени.

Слични содржини