Молотови коктели и солзавец во Атина ја одбележаа  петтата годишнина од смртта на раперот Павлос Фисас, познат како Кила П.

Тој беше убиен од поддржувач на ултранационалистичката и ксенофобичната партија Златна зора.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера левичарските поддржувачи. Демонстрантите одговорија со молотови коктели.

Вториот протест се очекува в понеделник во  предградие на Атина – Керацини, каде раперот беше убиен..

На 18 септември 2013 година, Павлос Фисас беше убиен во Атина .