Момче (11) „застрелано во градите“ од полицаец во Мисисипи што го повикал за помош

од desk4

 

Единаесетгодишното момче кое беше застрелано од полицаец се врати дома од болница по речиси еднонеделно лекување.

Адериен Мари помина пет дена во болница со колабирани бели дробови, распарчен црн дроб и скршеници на ребрата откако полицаецот го застрела во градите рано во саботата, изјави адвокатот Карлос Мур.

Адериен беше доволно добро за да ја напушти болницата во средата и да го продолжи своето закрепнување дома во Индијанола, околу 160 километри северозападно од Џексон, Мисисипи.

Мур рече дека семејството „бара правда“.

„Единаесетгодишно црно момче во градот Индијанола дојде на само една педа да го загуби животот – тој не направи ништо лошо“.

 

Мур рече дека мајката на Адериен, Накала, побарала од него да повика полиција околу 4 часот наутро во саботата, откако нејзиниот претходен партнер се појавил дома.

 

Мари се чувствува загрозено, рече г-дин Мур, а детето „викнало полиција да ја спаси мајка му, ја повикал баба му да ја спаси мајка му, полицијата дошла таму и ја ескалирала ситуацијата“.

Слични содржини