Момче (25) загина додека им помагало на пожарникарите во борбата против пожарите (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
395 прегледи

Сахин Акдемир (25) загина во пожар кој вчера ја зафати областа Мармарис во Турција. Сахин загинал додека им помагал на пожарникарите кои се бореле со огнот.

Момчето, кога дознало дека пожарот неконтролирано се шири, се качил на неговиот мотор, зел галони вода и потоа им ја доставил на пожарникарите во загрозената област. За жал, кога се враќал по повеќе вода, имал несреќа и бидејќи бил тешко повреден, не успеал да избега од пожарот и трагично загинал. Според турските медиуми, пожарот го зафатил неговиот мотор.

Пред трагедијата, овој храбар млад човек ги повика пријателите на социјалните мрежи да дојдат на помош на пожарникарите.

– Ве молам да донесете вода, ние ќе продолжиме да носиме вода до пожарникарите, нека ни е на Господ на помош – напиша тој во објава на социјалните мрежи.

Слични содржини