Момче и ја отсекло главата на мајка му и споделило видео од чинот со другарите

од desk2
93 прегледи

Момче од Кина на возраст од 13 години е уапсено затоа што наводно и ја отсекол главата на мајка му, а потоа „споделил снимка од чинот со другарите преку интернет“, пишува BBC.

Како што се наведува, ова се случило во градот Веншинг во провинцијата Сичуан, а британскиот медиум добил потврда дека започната е истрага од кинеската полиција.

Локалните медиуми пишуваат дека до убиството дошло по кавга меѓу мајката и синот, кој ја убил, и ја отсекол главата и ја ставил во куфер, кој го испразнил во одводот во близина на куќата.

Злосторството е откриено по неколку дена, додека еден од другарите од училиште не ја покажал снимката на своите родители кои пак повикале полиција.

Како што се наведува, момчето од злосторството до апсењето нормално одело во училиште.