Момче од Македонија се удави на црногорска плажа

од Берта Китинска
189 прегледи

Младо момче од Македонија се удави вчера околу 18 часот на плажата Утјеха кај Бар, јавува порталот Приморски.ме.

Според информациите на овој портал, 22-годишен млад човек денеска пристигнал во заливот меѓу Бар и Улцињ, каде требало да работи сезонски.

На телото немало траги на насилство, а треба да се утврди причината за смртта, а обвинителот ќе нареди обдукција, пренесе порталот.