Двајца мажи од скопско внеле момче во автомобил и го тепале, стои во полицискиот билтен. Според МВР, настанот се случил пред една недела.
-На 23 декември во 18.20 часот во СВР Скопје Х.Р.(19) од с.Горна Матка-скопско пријавил дека на 18.12.2023 околу 18.00 часот во с.Кондово, додека бил заедно со Ј.И. дошле Б.Н. и И.Н. и физички го нападнале Ј.И., а потоа пријавителот насилно го внеле во нивното возило и физички го нападнале, по што успеал да излезе од возилото, информираат од полицијата.
Како што додаваат од МВР, според пријавеното, причина било претходно нерасчистени должничко- доверителски односи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.