Момчето кое се мајтапеше со Брза помош, доби пријава од МВР

од Берта Китинска
264 прегледи

МВР го пронајде момчето кое се шегуваше со Брзата помош, и снимаше видео за Тик Ток.

Станува збор за 25-годишно момче од скопско Јурумлери против кое ќе биде поднесена пријава. Од МВР информираат дека со лажното јавување и мајтапење, момчето постапило спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, поточно член 16, бидејќи лажно повикувало на помош и пријавувало настан.Момчето вчера било повикано во полициска и раскажало дека повикот го направило на 13 септември во 2 часот наутро, додека било во парк во општина Аеродром.

Видеото со лажниот повик бргу се прошири и на другите социјални мрежи, што предизвика низа негативни реакции кај јавноста поради мајтапењето со медицинските екипи од Брзата помош.

Слични содржини