Во Вишиот суд во Белград денеска заврши граѓанската постапка за деветмината убиени во ОУ „Владислав Рибникар“.
Откако стручните психолози и психијатри завршија со изнесувањето на своите наоди и мислења произлезени од вештачењето на малолетниот сторител на масовно убиство, судењето беше повторно отворено за јавноста.
Инаку, вештаците констатирале дека К.К. бил целосно способен за расудување и свесно го сторил делото.
Во продолжението на главниот претрес, судијката истакна дека барањето да биде сослушана мајката на Софија Негиќ, Миланка Негиќ, е одбиено како неосновано.
Таа посочи и дека сите предлози за кои судот се уште не одлучил се отфрлаат, исто така како неосновани. Судијата изјави дека се прочитани доказите, а изнесени се и завршните зборови. Застапникот на семејствата Огњен Божовиќ во завршниот говор истакна дека судот „е должен да ја земе предвид причинетата нематеријална штета“.
– Одлуката на судот треба да се усогласи со социјалната цел, тоа е барање од овие луѓе да се разберат причините што довело до тоа децата да бидат убиени на училиште – рече Божовиќ.
Тој истакна дека масовното убиство во „Рибникар“ ги променило животите на семејствата, нивните соседи, пријатели и целото општество.
– Судот треба да постави граница, за да не се толерира вакво однесување и вакво нешто никогаш повеќе да не се повтори – заклучи Божовиќ.
Државниот правобранител, инаку застапник на училиштето во оваа парница, посочи дека судот треба да го отфрли тужбеното барање кога станува збор за ОУ „Владислав Рибникар“.