Моментална состојба на грчката граница, поради штрајк на цариниците во Грција само повремено се пуштаат возила на „Евзони“

од desk2
120 прегледи

Поради штрајк на грчките цариници, од изутрина во пет часот се затворени за сообраќај граничните премини „Дојрани“ и „Ники“ и се пропуштат само пешаци, а на „Евзони“ повремено се пропушаат патнички возила и пешаци, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Штрајкот кој се најавуваше неколку дена сепак, не ги одврати македонските граѓани од патување во Грција, па така на граничните премини има колони возила кои чекаат да бидат пуштени кај нашиот јужен сосед.

Штрајкот на „Дојрани“ ќе трае до 23 часот, и се пропуштаат само пешаци. На „Евзони“, пак, до 23 часот ноќеска ќе биде во целосен прекин сообраќајот за тешки моторни возила, а повремено се пропуштаат патнички моторни возила и пешаци. На преминот „Ники“, според најавата, ќе се штрајкува до утре во пет часот и исто така ќе се пропуштаат само пешаци.