На комплетно спектакуларен начин, хрватските фудбалери успеаја да израмнат на дуелот со Шпанија и да се изборат за продолжение на мечот од осминафиналето на Европското првенство.
Се чинеше дека сè е изгубено за тимот на Златко Далиќ, но пристигна нова надеж во третата од шесте минути во судиското продолжение.
Шпанија водеше со 3:1, успеа да ја намали разликата, а потоа и да израмни, со спектакуларна акција на Мислав Орчиќ и Марио Пашалиќ.
Пашалиќ ја иницираше акцијата, го проигра Оршиќ на левото крило и веднаш се упати кон казнениот простор.
Следуваше феноменален центаршут, право на главата на Пашалиќ, кој само ја спушти топката во мрежата на немоќниот Унаи Симон.
Croatia Equalize 😱
Pasalic Croatia 3-3 Spain #CROESP pic.twitter.com/C1sLzeTYLz— 𝗦𝗮𝘆𝗼 🌟 (@ss4yoo) June 28, 2021