Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Томислав Момировиќ, заедно со македонскиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, им ги предадоа на електронските картички за бесплатната патарина на автопатот „Пријателство“ на српските граѓани кои патуваат низ Северна Македонија, на граничниот премин „Табановце“.
– Набргу по нашата средба на Брдо кај Крањ, тука сме на Табановце, на задоволство на сите нас. Како што тогаш истакнав, сега посочувам – Република Србија им придава големо значење на односите со Северна Македонија. Ова беше особено видливо во околностите на светската пандемија, кога Србија ја покажа својата подготвеност храбро да застане со соседите, а така ќе биде и во иднина. Како знак на благодарност, Владата на Северна Македонија одлучи да им овозможи на граѓаните на Србија да ги користат патиштата бесплатно во текот на претстојната сезона. Во име на сите граѓани на Србија, би сакал да се заблагодарам на Владата на Северна Македонија за денешната испорака на смарт картичките и за фактот што можеме да ги користиме нивните патишта цело ова лето – рече Момировиќ.
Министерот Момировиќ посочи дека гестот што овозможува бесплатно патување на српските граѓани низ Северна Македонија, на автопатот „Пријателство“ до границата со Грција, ќе и даде силен поттик на иницијативата „Мини Шенген“ што ја покренаа претседателот Вучиќ и премиерот Заев , и сè со цел проширување на нашиот заеднички економски простор, да се подобри движењето на луѓе и добра и да се зајакне конкурентноста на целиот регион.
Владата на Македонија донесе одлука за ослободување на српските граѓани од плаќање патарина од 15 јуни до 15 август, во знак на благодарност за донацијата на вакцини. Сите граѓани на Србија кои ќе доаѓаат во Северна Македонија со автомобил од 15 јуни до 15 август на граничниот премин Табановце ќе добијат картичка со 760 денари за плаќање патарина на автопатот „Пријателство“. Според одлуката на Владата, вкупно 200.000 „наполнети“ електронски „М-смарт“ картички се наменети за туристите од Србија да плаќаат патарина во претстојната летна сезона.