319
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека кога Комисијата за заразни болести ќе препорача дека учениците не треба да носат заштитни маски во училиштата тогаш МОН тоа ќе го прифати.
-Јас можам да побарам, но факторот што одлучува е Комисијата, рече Шаќири, додавајќи дека Комисијата треба да процени дали маските, веќе не се толку важни и да донесе позитивна одлука.
– Комисијата во последниот период имаше препораки за олеснувања на некои мерки. За мене е многу важен фактор скринингот што го реализираше Министерството за здравство со Комисијата за заразни болести, кој ни покажа дека имаме добро почитување на мерките од страна на децата и многу мал број заразени деца, изјави Шаќири.