МОН: Средношколците во септември нема да учат по Кембриџ

од desk2

Министерството за образование и наука ја соопшти одлуката од вчерашната седница на Владата дека Кембриџ програмата нема да се имплементира од септември оваа година во јавните средни училишта, туку од другата учебна година.

 

 

– Определба на Владата и Министерството за образование и наука е современо образование и квалитетни наставни програми за подобрување на воспитнообразовниот процес во земјата. Воведувањето нови наставни програми бара анализа и обмислување на процесите, а не избрзани решенија. Тоа, меѓу другото, значи и подготовка на учебници кои користат соодветна терминологија, кои се јасни и прецизни и кои се соодветни за образовниот систем на Република Македонија, информира МОН.

Министерството нагласува дека одлуката да се одложи почетокот на Кембриџ програмата во средните училишта за учебната 2018/2019 е донесена поради временскиот теснец да се обезбедат тие стандарди и поради избегнување несакани ситуации во средното образование. Со оваа одлука, наведува МОН, се дава разумен временски период за дебата и подготовка на учебници од кои македонските ученици ќе го добијат заслуженото квалитетно и светско образованиие.

loading...

Слични содржини