Моника Белучи слави 53. роденден

од desk3

Глумцата и манекенка Моника Белучи денеска го прослави својот роденден. Наполни 53 години, но и понатаму често ја сретнуваме на листите на најубави и најсексипилни жени на планетата. Италијанската филмска звезда која кариерата на манекенка ја започна како тринаесетгодишно девојче  не се потпира многу на убавината при градењето на ликовите кои ги оживува на големото платно. 

Во светот на модата влезе со 13 години но дизајнерите сеуште не се откажуваат од Моника.

Таа е прва глумица која во шеесетата деценија играла Бонд девојка – кога наполни 50 години се појави во епизодна улога во филмот “Спектра”

Родена е на 30 септември 1964 година во италијанскиот град Чида ди Кастело како единица во скромно семејство.

Иако рано зачекори во светот на модата, долго се трудеше да не се откаже од образованието. Запиша право, но се поголемиот број на ангажмани моментот на студирањето и го направиле невозможен. 

Во светот на подвижните слики зачекори на почетокот на деведесетите. Светската слава и ја донесе улогата на Малечка.

Освен италијански, Моника Белучи зборува и француски, англиски и шпански и на секој од овие јазици и глумела.

Исто така во филмот на Мел Гибсон Страдањето Христово, нејзиниот лик на Марија Магдалена зборува на арамејски а во филмот на Кустурица, “На млечниот пат” Моника зборува српски.

 

Слични содржини