Монтгомери: Има опасност за нестабилност ама политиката на САД на Балканот е на автопилот

од Vladimir Zorba
91 прегледи

 

За  регионот Монтгомери смета дека постои “опасен зрак на нестабилност”, кој ги опфаќа Македонија, Косово и Босна. Сите овие држави имаат сериозни проблеми кои би можеле “многу брзо да експлодираат и да прераснат во сериозно насилство”.

4594345

Американската влада има многу поважни приоритети од оние кои се поврзани со Балканот. Поради оваа причина за регионот одговараат лица на пониско ниво, кои се ангажирани главно со три прашања.

“Прво, тие сакаат независноста на Косово да биде целосно признаено и прифатено. Второ, Босна да остане со сегашните внатрешни граници. И трето, не сака избувнувањето на какво и да е насилство во регионот “. Ова го изјави во интервју за српската агенција Танјуг Вилијам Монтгомери, поранешен американски амбасадор во Софија, кој подоцна ги предводи амбасадите во Загреб и Белград. Поради тоа американската политика во регионот е на автопилот.

Државни чиновници од пониско ниво само ја следат имплементацијата на политиката, која е воспоставена пред 15-20 година Монтгомери смета дека Германија и САД безусловно си стојат  на страната на независноста на Косово и оти  се игнорирале бројни контрапродуктивни чекори, кои биле преземени од Владата во Приштина. И нешто повеќе – Владата на Косово беше наградена за овие  чекори, наместо да биде казнета.

Според Монтгомери во меѓународната заедница има тенденција да се фаворизира “Босанскиот модел” во Босна со силно централизиран систем, кој влегува во конфликт со претседателот на Република Српска Милорад Додик и со самата Република Српска.

Во однос на ситуацијата во регионот Монтгомери смета дека постои “опасен зрак на нестабилност”, кој ги опфаќа Македонија, Косово и Босна. Сите овие држави имаат сериозни проблеми кои би можеле “многу брзо да експлодираат и да прераснат во сериозно насилство”.

Поранешниот американски амбасадор во Бугарија признава дека е сериозно загрижен од можноста меѓународната заедница, во отсуство на насилство, да занемари сериозните проблеми со кои се соочува регионот, и да не обезбеди потребната помош за нивно решавање.