Поранешниот Формула 1 возач, Хуан Пабло Монтоја продолжува со анализата пред почетокот на новата сезона во светскиот шампионат. Колумбиецот веќе зборуваше за шансите на Макс Верстапен да ја одбрани светската титула, коментираше за други прашања, а сега дојде и до шансите на Луис Хамилтон со Ферари.
„Ако Хамилтон има брз болид оваа сезона, ќе го видиме стариот Хамилтон од пред неколку години“, изјави Монтоја. „Оној Хамилтон кој никој не може да го победи, па ни Макс Верстапен!“
Најуспешниот возач во историјата на Формула 1 веќе ги помина првите километри во постар болид на Ферари и се претпоставува дека на Британецот ќе му треба малку време да се прилагоди на италијанскиот тим и филозофијата на болидите на Скудерија.
Сепак, многу експерти, меѓу кои и шефот на Мекларен, Андреа Стела и трикратниот светски шампион Сер Џеки Стјуарт, веруваат дека Хамилтон ќе биде во борбата за титулата со Ферари.