Атлетико Мадрид и Челзи постигнаа договор за трансферот на Алваро Мората кај Шпанците,
објавија двата клуба. Тој до моментов беше на позајмица на „Ванда Метрополитано“ со договор до
летото 2020 со опција да биде откупен за 50 милиони фунти. „Јорганџиите“ ќе го искористат тоа, па
Мората ќе биде во нивна сопственост.

Шпанскиот репрезентативец го засили тимот од Мадрид зимава, откако престојот во Челзи се
покажа неуспешен. За 17 натпревари на пролет со тимот на „црвено-белите“, тој постигна 6 гола.
Досега Челзи имаше опција да го врати фудбалерот и во Атлетико имаа стравувања дека токму тоа
ќе се случи поради трансфер ембаргото што ФИФА наметна на лондонскиот клуб. На крајот, Диего
Симеоне има голем повод за прослава.