302
Германија е главна пречка за воведување построги санкции кон Русија, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Моравјецки додаде дека построгите санкции против Русија не се блокирани од Унгарија.
Неговиот коментар доаѓа откако премиерот Виктор Орбан победи на унгарските избори во неделата и откако се соочи со критики за неговиот остар став кон руската агресија во Украина.
„Без разлика како ѝ пристапуваме на Унгарија, мораме да ги почитуваме демократските избори… Германија е главната пречка за санкциите. Унгарија е за санкции“, рече Моравјецки.
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан прогласи победа на неговата партија на парламентарните избори одржани во неделата во таа земја.