
Тој ова го изјави по пожарот во една играчница „Ескејп рум“ во кој загинаа пет тинејџерки.
– Ова е без преседан. Секој облик на превенција е важен – рече Моравјецки.
Тој додаде дека наредил да се изготви извештај за околу 1.100 вакви или слични играчници и локации во цела Полска, како и дека Владата ќе одреди дали се неопходни промени на безбедносните правила.
Во играта „Ескејп рум“, учесниците се затворени во една просторија, а за да излезат од неа мораат да решат повеќе загатки.