Филипинката Лилибет Бустаманте била уапсена додека се обидувала да киднапира 10-годишно девојче кое си играло пред својот дом.

Кога завршила зад решетки, таа открила дека киднапирала деца за пари кои бандите потоа ги продавале како бело робје, особено на педофилските кругови ширум светот.
Лилибет детално објаснила како функционирала целата работа. Додека девојчето си играло пред својата куќа, таа ѝ пришла, ја фатила за рака и ѝ кажала да појде со неа до продавница. За среќа, тоа го видел соседот која ја спречил во намерата бидејќи девојчето викало за помош.
Бустаманте вели дека добивала 1000 пезоси (околу 17 евра) за секое киднапирано дете, а соработувала со уште една жена.
“Јас само ги киднапирам, тие ги продаваат. Ми даваат 1000 пезоси кои им ги испраќам на моето семејство”, вели таа.
Децата се продаваат на странци кои потоа ги силуваат, а често таквите ужасни сцени се пренесуваат во живо преку интернет.
Real-life child-snatcher reveals how she is paid £15 per abduction by Philippine gangs who set her quota of two a week https://t.co/e2CEBEUzD0
— Daily Mail Online (@MailOnline) February 28, 2019
“Квотата нѝ беше – две деца неделно. Целевме кон оние кои имаа 10 години и повеќе. Децата треба да се убави. За таквите се добиваат околу 70 до 100 илјади пезоси (од 1200 до 1700 евра) во зависност од нивниот изглед, мојот дел изнесува 1000 пезоси”, вели таа.
Откако се приклучила на таквата банда минатата година, Лилибет признала дека киднапирала над десетина деца од филипинските улици.
“Не застануваме додека не ја исполниме квотата”, додала таа.
Полицијата моментално работи на случајот кој фрлил светло на сериозниот проблем во оваа земја и ги потврдил сомнежите дека голем број на деца исчезнуваат секоја недела.