Морско рижото

од desk2
355 прегледи

Вкусно јадење со морски плодови и ориз…

СОСТОЈКИ:
350 гр смрзнати морски плодови
1 главица кромид
2 дл бело вино
2 лажици масло
150 гр ориз
парче путер
1 кесичка шафран
сол
бибер
лук во прав
магдонос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На масло пропржете ситно сечкан кромид па додајте смрзнати морски плодови и налијте малку вода. Посолете и побиберете по вкус. По неколку минути додајте ориз и шафран и долијте уште малку вода, од време на време лесно мешајте.
На крај налијте вино и додајте малку лук во прав и парче путер. Мешајте додека путерот не се растопи па посипете со сечкан магоднос.

Слични содржини