Москва: Четворица пациенти излекувани од коронавирусот

од Aleksandar Petrovski
191 прегледи

Уште четворица пациенти со потврдена коронавирусна инфекција се испишани од Инфективната болница во Москва, соопштија руските здравствени власти.

При повторно извршени тестирања е потврдено дека кај нив нема присуство на вирусот. Пациентите се здрави и кај нив не се забележани симптоми на болеста. Вкупниот број на целосно излекувани од Ковид-19 во Москва е пет лицa.