Москва: Дрон со американски мотор се урна во Подмосковље (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Беспилотно летало со американски мотор се урна кај Ногинск во Подмосковље, изјави за „Спутник“ портпаролот на итните служби.

„Беспилотно летало тешко околу 100 килограми е пронајдено на периферијата на градската област Богород“, изјави портпаролот.

Дронот бил уништен при падот, но не избил пожар.

Според прелиминарните податоци, дронот не носел муниција, а безбедносните сили во моментов истражуваат од каде е лансиран.

На крајот на февруари во Подмосковље исто така се урна дрон. Како што тогаш изјавиле службите за итни случаи, негова цел можела да биде гасна дистрибутивна станица.

Слични содржини