Москва: Проектот Република Косово е во застој- Приштина ги саботира преговорите

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Приштина ги саботира преговорите со Белград, потребно е УМНИК да остане на Косово, САД со спротивна теза.

Амбасадорот на Русија во ОН Васил Небензја кажа дека Москва не се сложува со „премногу оптимистичните проценки“ на косовската амбасадорка во САД Вљора Читаку. Тој истакна дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е во застој.

Небензја предупреди дека случувањата на Косово се закануваат да го урнат целиот систем на регионалната стабилност.

Тој ја обвини Приштина за „саботирање“ на спроведувањето на договорот за формирање Заедница на српски општини.

„Проектот Република Косово очигледно пропаѓа“, кажа амбасадорот на Русија.

Истовремено укажа на прашањето на транзицијата на косовските безбедносни сили во војска на Косово што, како што истакна, е спротивно на Резолуцијата 1244, според која КФОР е единствената оружена сила на Косово. Тој го истакна и проблемот со исламскиот радикализам и тероризмот на Косово.

Заменичката на амбасадорката на САД во ОН Мишел Сисон повторно повика на намалување на мисијата на УНМИК и проредување на динамиката на одржување седници за Косово.

„УНМИК одамна го исполни својот мандат на Косово, нема сомнеж дека токму таа мислија помогна Косово да изгради демократски институции. ОН треба да бидат горди на достигнувањето и таа успешна приказна“, кажа Сисон.

 Рускиот и кинескиот амбасадор на седница на Советот за безбедност во Обединетите нации беа за задржување на мисијата на УНМИК, додека претставниците на Франција, Велика Британија и САД беа за укинување.