Москва се огласи во врска со откажувањето на нуклеарните преговори со САД

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Москва во вторникот објави дека немала „друг избор“ освен да ги откаже преговорите со Соединетите држави за договорот „Нов СТАРТ“ за контрола на нуклеарното оружје, пренесоа руските државни новински агенции.

Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков рече дека Вашингтон сака само да разговара за обновување на инспекциите додека Москва има други приоритети.

И ситуацијата во Украина влијаеше на одлуката на Русија во последен момент да го откаже состанокот на билатералната комисија што требаше да започне денеска во Каиро.

„Во суштина, ситуацијата беше таква што немавме друг избор. Одлуката е донесена на политичко ниво“, изјави Рјабков.

„Американците се фокусираа исклучиво на темата за обновување на инспекциите, додека решавањето на другите прашања беше и останува приоритет за нас. Неколку пати ја објаснивме нашата позиција, но не видовме ни најмала желба од американската страна да се движи во оваа насока“, рече Рјабков, пренесе ТАСС.