Мотор удри во мајка и дете на пешачки во Карпош, при обид за бегство се судрил во друго возило

од Nikola Popovski
229 прегледи

Дете и мајка биле удрени на пешачки премин во скопската населба Карпош 4, извести МВР.

Според полицијата, вчера (12.03) во 16.45 во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Никола Парапунов“, мотоцикл управуван од 17-годишник удрил во М.К. и малолетник, кои биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Возачот на мотоциклот бегајќи од местото потоа удрил во автомобил „лада“, кој се движел во спротивна насока.

Увид извршила екипа на СВР Скопје.

 

Слични содржини