Мотоциклист доби ќотек од полицијата: Нова снимка на бруталност на улиците (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
126 прегледи

Шокантната снимка од полициската бруталност доаѓа од Шпанија, земја која е најпогодена од коронавирусот во Европа после Италија.

На видеото се гледа пресметка на полицаец со мотоциклист. Не е познато дали младиот човек со мотор ја нарушил забраната за движење, но дури и ако тоа го сторил, тоа не е причината за ваква бруталност.

Гледаме двајца полицајци кои жестоко се расправаат со маж на мотор. По некое време, едниот од нив го изгуби трпението и го сруши мотоциклистот на земја, каде почнаа да го тепаат.

На крај го држеа прикован на земја додека не пристигне патролата, најверојатно да го одведат до станица.