Може ли Иран да ја гранатира Европа? Британски министер: Нема докази

„Немам информации за никаква проценка дека тие воопшто имаат цел да ја погодат Европа, а камоли дека би можеле ако се обидат“, порачал британскиот министер Рид

од Nikola Popovski
9 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјубв/Military Weapons

Британскиот министер Стив Рид во неделата изјави дека нема проценка што ги поткрепува тврдењата дека Иран планира да ја нападне Европа со балистички ракети или дури има капацитет да го стори тоа.

Во саботата, израелските одбранбени сили објавија на социјалните медиуми дека Иран има ракети „кои можат да стигнат до Лондон, Париз или Берлин“.

„Нема проценка што го поткрепува она што се говори“, изјавил британскиот министер за домување Рид за Би-Би-Си. „Немам информации за никаква проценка дека тие воопшто имаат цел да ја погодат Европа, а камоли дека би можеле ако се обидат“.

Во посебно интервју за „Скај њуз“, Рид порачал дека американскиот претседател Трамп зборувал во свое име кога се заканил дека ќе ги „уништи“ иранските електрани ако Техеран не го отвори целосно Ормутскиот теснец во рок од 48 часа.

Кога бил замолен да го дефинира ставот на Велика Британија за рокот на Трамп, Рид одговорил: „Американскиот претседател е совршено способен да зборува во свое име и да се залага за она што го кажува“.

„Нема да бидеме вовлечени во војна, но ќе ги заштитиме сопствените интереси во регионот. Ќе соработуваме со нашите сојузници за да го намалиме интензитетот на оваа ситуација“, додал функционерот од Велика Британија.