Со оглед на сегашната ситуација сите се опседнати со дезинфикација на телото и просторот околу себе. Но, што е со производите на декоративната козметика?
Како што открила вирологот Ангела Расмусен, задржувањето на вирусот на одредени површини, надовор од домаќинството зависи од самата површина. На некои производи може да се задржи само два часа, а на некои и подолго од еден ден.
„Не можеме многу да кажеме за SARS-CoV-2, што се однесува на мејк ап производите. Но, она што е факт е тоа дека на вирусот му треба домаќин за да се размножува па во секој случај не може долго да живее, за разлика од бактериите“, рекла докторката.
Докторката Шутинг Ху советува дека по враќањето во домот, животниот простор би требало да го поделите на два дела: контаминирана и чиста зона. Во контаминираната зона оставете ги своите работи кои сте го носеле со себе и на себе. Откако сте ги измиле рацете и вие сте „чисти“ можете да влезете во чистата зона.
Освен тоа, важно е да се напомене тека приборот за шминка треба да ви биде постојано чист, а честките дезинфицирани со алкохол. Доколку имате деспензер со распрскувач, би било добро и внатрешноста на шминката да ја испрскате со медицински алкохол.