Можен ли е нов дијалог меѓу владата и ПКК во Турција?

од Vladimir Zorba
104 прегледи

 

 

Во пракса, нема ништо невозможно во политиката, особено во исклучително зовриената турска политика, полна со обратни кривини.тур

Вистина е дека никој друг, туку премиерот Бинали Јилдирим на 8 јуни ја исклучи можноста за обновување на дијалогот со забранетатат Курдска работничка партија.

-Терористичката организација, испраќа директни и индиректни пораки дека се подготвени да водат преговори и да го остават оружјето. Нема што да се каже на ова, рече Јилдирим алудирајќи на ПКК:

Со неговата изјава Јилдирим ги истакна безмилосните терористички дејствија на ПКК, кои течат повеќе од една година.

Вистина е исто и дека Турција беше вовлечена во терористички дејствија и обемни антитерористички операции, откако беше прекинат дијалогот и беше обновена активноста на ПКК во јуни 2015 година, по мирен период од скоро три години за време на дијалогот меѓу владата на Партијата на правдата и развојот на тогашниот премиер, а сега претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Неодамна Ердоган изјави дека од тогаш 7.600 борци биле „неутрализирани“ – термин кој се користи не само за убиени во судири, туку и за ранети и уапсени. Тој број ги вклучува и борците на Исламска држава. Во меѓувреме, над 600 службенци на силите за безбедноста биле убиени во судири и операции, и според информации од владата 11 илјади домови биле разрушени во градовите и околните места каде ПКК се обидува да поведе вооружен бунт, со цел самоуправување во источна и југоисточна Турција, покрај границите со Сирија, Ирак и Иран.

Ситуацијата не изгледа особено пријатна токму сега за воспоставување на дијалогот кој беше воден со Абдула Оџалан, затворениот лидер на ПКК преку Националната разузнавачка агенција (МИТ). Демократската партија на народите (ДПН), ориентирана кон курдскиот проблем, ја играше улогата на пратеник меѓу затворот во Имрал, каде се наоѓа Оџалан, и планината Кандил, во областа која е под контрола на регионалната влада на Курдистан во Северен Ирак, каде се наоѓа главниот штаб на ПКК.

Тоа беше втората иницијатива за дијалог под управувањето на ППР на Ердоган. Првата беше 2008-2010 година, а втората 2012-2015 година. Но пред почетокот на секој процес за дијалог одново имаше засилување на терористичките дејствија на ПКК и обемни операции на силите за безбедност против нив; тогаш крвопролевањата не беа пречка пред започнувањето на дијалогот.

Се разбира, сега има дополнителни тешкотии.

Исмаил Бешикчи, ветеран со турско потекло на курдската националистичка политика, и кој заради тоа поминал многу години во затвор, во интервју за турската редакција на Би-Би-Си на 8 јуни изјави дека лозунгот на ДПН пред парламентарните избри на 7 јуни минатата година, и адресиран кон Ердоган, во кој се кажуваше дека ДПН нема да му дозволат да стане таков претседател, беше погрешен. Бешикчи смета дека можело да биде постигнат договор за курдска федерација во Турција со еден посилен претседател. Според него, тактиката на ПКК за обновување на оружената кампања исто е неправилна и ако ПКК успее да се извлече, оставајќи ја сцената за ДПН во легитимната политика, нивната цел може да бидер постигната без тешкотии. По тие дејствија и антитерористичките операции, земјата излезе на нови избори на 1 ноември 2015, на кои ППР ја врати можноста да формира еднопартиска влада и се насочи кон понационалистичка и ориентирана кон безбедноста политика.

Бешикќи исто рече дека верува дека еден нов процес на дијалог е невозможен и покрај растечката тенденција во дејствијата на ПКК и операциите на силите за безбедност.

Хуриет дејли њуз – Анкара