Претесдателот на Европскиот Совет Доналд Туск денеска во четири очи се сретна со претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, со кого разговарале повеќе од еден час. По разговорите заклучокот е дека тој не успеал да го убеди претседателот да го додели мандатот за формирање нова влада на парламентарното мнозинство.
Овде дојдов со силна порака на ЕУ. Македонија може да ја изгуби целата поддршка на ЕУ, која досега беше фактор на единство. Се надевам дека ќе го следите и натаму тој компас.Треба да ги избегнете работите кои водат кон судри и меѓуетнички несогласувања . Јас одоговрив во почетокот на Март околу излезот на пратеничката криза. Решението е кај вас а тоа треба да биде засновано на демократските начела пристојност и здрав разум, и тоа може да ве извади , кога ќе го најдете јавете ни, порача претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Мојата позиција е непроменета – правната и политичката пречка за доделување на мандатот мора да бидат отстраната.
Мојата одлука е превентивна, Ни требаат реформи, а не платформи, рече македонскиот претседатател Ѓорге Иванов по средбата со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Императив е спроведување на реформските приоритети , на европски приоритети , а не тиранска платформа со која се уценува новата влада , и за тоа треба да дебатираат претениците.Оваа платформа ја загрозува државата. Потоа се нарушуваат добрососедските односи со директно мешање во внатрешните работи на Македонија, се создаваат тензии во меѓуетничките односи, се манипулираат граѓаните. На Македонија и се потребни европски реформи, а не туѓи платформи. Тоа е единствениот начин за излез од политичката криза, рече Иванов.
Претседателот на Европскиот совет рече дека ја разбира потребата, во вакви времиња да се покаже лидерство, но како што рече пред се е потребно да се покаже државничка улога.
Туск ја продлжува својата турнеја првин за Софија а потоа за Грција. Претходно тој беше во посета на Словенија а главна тема е миграцисксата криза и опасностите со новиот миграциски бран кој се очекува оваа пролет.