Можно е исклучување на повеќе од 80 кинески компании од американските берзи

од Vladimir Zorba

Американската Комисија за хартии од вредност (SEC) додаде повеќе од 80 компании на листата на компании кои се соочуваат со можно исклучување од американските берзи, вклучувајќи ги кинеските компании JD.com, Pinduoduo, Bilibili и Netis.

SEC на тој начин ја прошири листата, која ја сочинуваат кинески компании котирани на американскиот пазар на капитал, повикувајќи се на законот од 2020 година, кој го потпиша тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.

Актот беше донесен со цел да се отстранат компаниите од странските јурисдикции од американските берзи доколку нивните ревизорски извештаи за деловното работење не се во согласност со американските ревизорски стандарди три години по ред.

Други големи кинески компании кои се додадени на листата на SEC се JinkoSolar Holding, NIO, China Petroleum & Chemical Corporation, меѓу другите.

Ројтерс неодамна објави дека кинеските регулатори побарале од некои компании котирани на американската берза, вклучувајќи ги Alibaba, Baidu и JD.com, да подготват повеќе информации за ревизијата.

Кина, исто така, на почетокот на април предложи да се ревидираат правилата за доверливост за домашните компании котирани во странство, со што ќе се отстранат правните пречки за кинеско-американската соработка за надзор на ревизијата и ќе се префрли одговорноста за заштита на државните тајни на кинеските компании.

Предлогот на Пекинг дојде откако американскиот надзорен орган во март објави дека ќе продолжи да се ангажира со кинеските регулатори за да добие пристап до досиејата на нивните ревизори, но засега не е познато дали кинеската влада ќе го одобри таквиот пристап што се бара од новата американски закон за котација.

Слични содржини