„Можно е некој од патниците да се качил во друг автобус“: Хипотези за осмиот патник на бугарските истражители

од Берта Китинска

Бугарскиот обвинител Борислав Сарафов ја отфрла верзијата за туби со гориво во автобусот кој изгоре на автопатот „Струма“ како причина за несреќата, како и верзијата за терористички акт.

Според него звукот што дел од сведоците го сметаат за експлозија било нешто сосема друго.

„Се појавија и вести дека катастрофата би можело да е предизвикана од експлозија. До овој момент немаме докази за експлозија. Никакви. Таа таканаречена експлозија, којашто ја слушнале сведоците, тоа се сведоци, работници на патот, е впрочем исклучително силниот удар на автобусот во десната банкина“, рече Сарафов.

Портпаролот на главниот обвинител Сиика Милева рече дека при нејзиниот разговор со еден од преживеаните, рекол дека се спасени 8 лица, а не 7. Во исто време, на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела. Затоа, истражителите ја тестираат хипотезата дали има уште еден преживеан и каде е тој.

„Можно е некој од туристите да се качил на територијата на Бугарија во некој од другите автобуси на туристичката група и затоа патниците се еден помалку“, изјави шефот на тимот истражители што го истражува случајот Маријан Маринов. Според него, има сведоштва од бензинската пумпа каде одмарале автобусите, дека патниците биле разменети во возила.

Слични содржини