266
Јавната обвинителка, Вилма Русковска, во вечерашното интервју за „360 степени“ најави можно проширување на истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Додаде и дека ќе бара продолжување на притворот.
Таа посочи дека се работи на собирање документација и сослушуваме сведоци за набавка на уште еден софтвер, кој е поврзан со отпечатоци и дека Агенцијата за заштита на лични податоци се противела на таа набавка.
Сега, вели таа, доколку соберат докази дека набавката и за овој софтвер е незаконска, ќе се прошири актуелната истрага.
Русковска изјави дека во набавката на софтверот за отпечатоци не се јавува истата фирма „Инвока гроуп“, која е добитник на тендерот за софтверот за сообраќајни прекршоци.